Перински: Идниот градоначалник на Скопје ќе биде од ВМРО ДПМНЕ

Од:

Министерот за локална самоуправа Златко Перински смета дека на претстојните избори иден градоначалник на Скопје ќе биде од партијата ВМРО ДПМНЕ, но не потврди дали тој ќе биде кандидат за оваа позиција.

Тој одговараше на новинарско прашање пред настан во Гостивар дали е фаворит на Мицкоски за градоначалник на град Скопје и како котира.

– И самиот премиер Мицкоски во саботата, во својата изјава спомена дека внатрепартискиот процес во делот на спроведување на анкети сè уште не е започнат и тоа се очекува да се случи сега на почетокот на февруари. Убеден сум дека кандидатот што премиерот Мицкоски ќе го предложи на усвојување на извршните тела во рамки на нашата партија, ќе биде оној што ќе седне на градоначалничкото столче, рече Перински.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во саботата изјави дека на почетокот на овој месец ќе ја започнат процедурата со интерни анкети за избор на можни кандидати за градоначалници за претстојните локални избори.

– Се уште не сме почнале со реализирање на анкетите. До сега траеше внатрешно партиската и внатрешно коалициската процедура за номинирање на личности, рече Мицкоски, не откривајќи можни имиња.

Како претседател на партијата и Извршниот комитет, рече Мицкоски, го задржуваме правото да предложиме имиња за кои мислиме дека треба да бидат дел од овој процес на анкетирање, надвор од списокот кој е доставен од општинските комитети.

Би можело да ве интересира

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Предраг Петровиќ

Ѓорѓиевски: Kонечно Скопје за Нова Година ќе биде украсено како што треба да биде

А1он

Проект „Градски воз“: Од Драчево до центар на Скопје за 11 минути

А1он