Никој ништо не им може на Данците – ја победија Хрватска во финалето и испишаа историја

Од:

Ракометарите на Данска ја совладаа Хрватска во финалето на Светското првенство и со тоа по четврти пат по ред станаа светски шампиони. Ова никогаш не го постигнала ниту една репрезентација во историјата на овој спорт – мечот заврши со резултат 32-26.

Светскиот шампион го отвори финалето со 4:1 на стартот од мечот. Хрватска ја задржа врската, со агресивна одбрана и стигна до 8:7 по речиси дваесет и две минути игра.

Матијас Гидсел го презеде водството во финишот на првото полувреме, а Данците на пауза заминаа со четири гола предност (16:12).

Со серија од 7:2 бранителите на светскиот трон го однесоа ова финале во еден правец. По 41 минута беше 24:14 и избраниците на Николај Јакобсен стигнаа до двоцифрена предност.

Хрватите со добра серија успеаја максимално да се вратат во мечот, кога ја намалија предноста на Данска на само пет гола (28:23). Но, тие не можеа повеќе од тоа.

Матијас Гидсел беше очекуваното прво име на финалето со 10 голови. Емил Јакобсен додаде пет, а Сајмон Питлик четири хитови. Емил Нилсен во финалето собра дури 14 одбрани.

Од друга страна, Иван Мартиновиќ постигна шест гола, а Марио Шоштариќ пет.

Доминик Кузмановиќ имаше само четири одбрани.

Би можело да ве интересира

Диригентката Елена Митревска ќе биде директорка на двата хора на Данското радио

Данска вложува милијарди долари во својата одбрана, се подготвува за војна

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

(ВИДЕО) „Ако проектил од подморница летне кон Америка…“: Џеј-Ди Венс и се закани на Данска од воената база на Гренланд

Предраг Петровиќ

Опозицијата победи на изборите во Гренланд, фијаско на владејачката партија

Гренланд утре оди на клучни избори