Виљушкар тешко повреди работник во Неготино

Од:

Млад неготинец се здобил со тешки повредни на работно место, информираат попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Вчера во 14.55 часот во ОВР – Неготино било пријавено дека во кругот на фабрика во село Дуброво, неготинско, со работна машина – виљушкар, управувана од З.Б., на возраст од 51-година од Неготино, бил удрен вработениот Б.И., на 26-годишна возраст. Притоа, тој се здобил со тешки повреди, констатирани во болницата во Кавадарци, појаснуваат од СВР – Велес.

Увид извршила увидна екипа од ОВР – Неготино.

Би можело да ве интересира

Мртов маж е пронајден во близина на Неготино

Миле Тодоров од Неготино е исчезнат во јануари, виден e кај планината Серта

А1он

СДСМ за скандалот во Неготино: Пет пати повисоки цени за пазарот, институциите мора да реагираат

(ВИДЕО) Костовски: Скандал во Неготино, пет пати поскапи цени од реалните: Пазар од злато или пари во џеб?

(ВИДЕО) СДСМ: Пазарот во Неготино од 17 тони железо прикажан како „урбана опрема“

А1он

Пијан маж од Неготино со украдено возило искршил рампи на наплатната станица „Виничани“