Израел ќе ослободи 90 палестински затвореници утре во текот на денот, како дел од договорот за прекин на огнот со Хамас.
Од затворениците кои треба да бидат ослободени утре, девет се осудени на доживотен затвор, додека 81 отслужуваат повеќегодишна казна, објави Ал Џезира.
Претходно денеска Хамас ги објави имињата на тројцата израелски заложници кои утре ќе бидат ослободени како дел од договорот за прекин на огнот.