Многу луѓе се повредени во силниот тајфун кој го погоди Хонг Конг и донесе ветер, кој дува со брзина од 140 километри на саат.
Скоро 140 луѓе побарале лекарска помош, а 268 луѓе побарале засолниште од бурата.
Веднаш по полноќ, властите издадоа предупредување од опасност од ураган, прв пат од 1999-та година, кога тајфунот Висенте дојде на 100 километри од Хонг Конг.
Траектите, автобусите и возовоте не сообраќаат или сообраќаат со намален капацитет. Пристаништата и училиштата се затворени, откажани се 44 летови, а повеќе од 270 одложени.