Еди Рама го демантира извештајот на израелска телевизија за преговорите со САД за Палестинците

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама ја демантираше информацијата на израелската телевизија Канал 12, во која се тврди дека неговата влада преговара со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за прифаќање до 100.000 Палестинци од Газа.

Рама го нарече извештајот „целосна лага“ и додаде дека „таква лага одамна не слушнал“, пишува „Тајмс оф Израел“.

Тој ја истакна целосната солидарност со народот во Газа, кој, според неговите зборови, е „дехуманизиран од дивјаштвото на режимот на Хамас“ и кој претрпе „пеколна војна“ по „хоророт од 7 октомври“.

Би можело да ве интересира

Најмалку 68 жртви во американските воздушни напади врз Јемен

Четиригодишно американско девојче кое се лекува од рак е депортирано од САД

Кина размислува за укинување на царините за некои американски производи

Горан Наумовски

Кина тивко ги укинува царините за американските чипови

Горан Наумовски

Блумберг: САД ќе бараат Русија да го прифати правото на Украина да има своја армија

Авион се урна во близина на воена база во САД