Петрушевски: Обвинителството да не молчи и да постапи во случајот со Онкологија

Од:

Јавното обвинителство не треба да молчи и треба да постапи во случајот со Онкологија. Не смее цела држава да биде заложник на мафијата на смртта. Додека пациентите на Онкологија чекаат терапија, мафијата на смртта поддржана од Венко Филипче трие раце за профит, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

– Со години мафијата на смртта предводена од веледрогеријата Д-р Пановски книжи енормни заработки и ги уценува Фондот за здравствено осигурување и Министерството за здравство. Тоа е истата онаа веледрогерија сопственост на таткото на блиска соработничка на Венко Филипче. Венко Филипче и СДС политички ја штитат оваа мафија која всушност самите низ годините ја создале. Го повикуваме Јавното обвинителство да не чека и да се заинтересира за случувањата на Онкологија, рече Петрушевски на прес конференција.

Би можело да ве интересира

Филипче: Нашиот стратешки партнер САД ја намали воената помош за земјата зашто знае каква власт нè води

Филипче: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ поднесе закон, минималната плата да се зголеми на 600 евра – работниците заслужуваат достоинствен живот

Горан Наумовски

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари