МНР ќе бара објаснување од Србија зошто е протерана македонска државјанка од Белград

Од:

Министерството за надворешни работи на Македонија изразува загриженост поради протерувањето од Република Србија и забраната за влез од една година на македонски државјанин со регулиран престој во државата, кој според наводите на надлежниот орган на Република Србија, претставува „безбедносна закана“.

„Во овој контекст МНРиНТ ќе побара објаснување во поглед на оправданоста на преземените мерки, посебно имајќи го предвид нашето очекување дека истите се во согласност со законските рамки на Република Србија, но и со европските и меѓународни стандарди за човекови права. Искрено очекуваме дека овој случај ќе биде разрешен на соодветен начин, преку дијалог и со присутна добра волја од двете страни, како и во интерес на задржување на континуитетот во градењето на пријателските и добрососедски односи помеѓу двете земји“, велат од МНР

Би можело да ве интересира

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Трамп нареди проширување на мерките за притвор и депортација на мигрантите

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите