Втор случај на западно-нилска треска, заболено бебе

Од:

Бебе со неполна година  е втор лабораториски потврден случај на заболен од западно-нилска треска во Македонија, соопшти Министерството за здравство кое за случајот било известено од Институтот за јавно здравје.

Бебето не патувало надвор од државата. Симптомите на болеста почнале пред неколку дена, по што било хоспитализирано на Клиника за детски болести со покачена температура, течна столица и секрет од нос. Бебето сега е во добра општа состојба и вчера попладне е пуштено е на домашно лекување, информира Министерството.

Ова е втор случај на западно-нилска треска во државата во 2013 година. Болеста се пренесува со каснување од комарец заразен со вирусот на западно-нилска треска.

– Кај најголем број заболени може да помине без симптоми, а кај помал дел од заболените се јавуваат симптоми како висока температура, треска, главоболка, мачнина, замор. Само кај 1 процент може да се јават посериозни компликации, како менингитис, енцефалитис, полиомиелитис-парализа. Најдобра превентива е самозаштитата  – користење кремови и средства против комарци, како и  дезинсекцијата на јавни површини, соопшти Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски

Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството