Во судот во Струга денеска четири рочишта против градоначалникот Мерко

Од:

Во Основниот суд во Струга почна првото од закажаните за денеска четири судења против градоначалникот Рамиз Мерко – за плочата на општинската зграда, две за директори на училишта и за набавката на „аудито“.

Првото рочиште денеска се однесува за незаконско поставување на директори на училишта, и се наоѓа во доказна постапка, продолжува со сослушување на екс министерот за образование од ДУИ, Јетон Шаќири.

Шаќири, заедно со раководителот на секторот за финансии при Општина Струга Абедин Нуроски, требаше да биде сослушан на претходното рочиште во октомври минатата година, но тоа не се одржа поради немање уредна достава до сведоците.

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко е на „црната листа“ на Соединетите Американски Држави (САД) поради вмешаност во корупција. Против него има поднесено повеќе (девет) обвиненија за несовесно работење во службата.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Мерко без пасош, Артан и Прпарим во бегство, ова е ДУИ

Одземен пасошот на Мерко за кого веќе има девет постапки

Катерина Ѓуровски

Нова кривична пријава против Рамиз Мерко за незаконско именување директор на училиште

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против Рамиз Мерко за несовесно работење во службата

Предраг Петровиќ

Ново, осмо обвинение за Рамиз Мерко

Катерина Ѓуровски

Мерко побара изземање на судијката Надица Митреска која му суди за незаконската набавка на автомобил