ВМРО-ДПМНЕ да каже кои се компаниите од САД кои Мицкоски ги убедил да инвестираат, велат од СДСМ

Од:

Мицкоски во САД немаше ниту една важна средба за граѓаните и државата. Не видовме ниту една официјална средба, изостанаа средби со светски лидери, со високи дипломати. Никаде не беше истакнато македонското знаме, во ниту една официјална институција не беше примен премиерот Мицкоски. Јасно е дека дипломатски и политички ништо не се постигна, велат од СДСМ.

„Но бидејќи ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека Мицкоски на средбите во САД обезбедил инвестиции јавно ги повикуваме да ги соопштат кои се тие. Нека излезе ВМРО-ДПМНЕ и нека каже кои се компаниите од САД кои Мицкоски ги убедил да инвестираат откако претседателот Трамп потпиша указ за оданочување на оние американски компании кои ќе инвестираат во странство. Патувањето на премиерот Мицкоски во САД требаше да биде мисија од висок ранг, но за жал ДПМНЕ го претвори во евтина ПР фарса од која не знае како да се извади. Неговото присуство се сведе на партиски митинг од каде што на монитор ја следеше инаугурацијата. Ова патување не донесе ниту еден конкретен бенефит за државата, а јавноста со право прашува колку чинеше оваа ПР фарса и што добија граѓаните, прашуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ се мачи да го одвлече вниманието на граѓаните од најважното прашање – предавството на Македонија, мигранти за пари

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Кој ќе ја поддржи Резолуцијата, нека знае што следува

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Мицкоски од Брисел: Ние одамна заслуживме да бидеме во ЕУ

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ го изгласаа предавството на Македонија во Собранието

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ-мигранти за пари, проект за железница со пари од договорот со Британија