Тројца тешко повредени во сообраќајка на скопската обиколница кај Смилковско Езеро

Од:

Три лица се повредени во верижен судар што се случи синоќа на скопската обиколница кај Смилковското Eзеро во кој учествувале три автомобили, камион и автобус, соопшти МВР.

На 22.01.2025 околу 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот – обиколница на град Скопје, во близина на клучка Смилковци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „фолксваген голф“ управувано од К.С.(54) од Арачиново, Скопско, возило „хјундаи“ управувано од Б.Б.(54) од Косово, возило „БМВ“, управувано од Д.Д.В.(55) од Бугарија и паркиран автобус „Санос“ со скопски регистарски ознаки, наведуваат од МВР.

Во несреќата со тешки повреди се здобил возачот на „голфот“ К.С. од Арачиново, додека со телесни повреди се здобиле возачите Б.Б. од Косово и М.Д од Радишани, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.

Би можело да ве интересира

Поради несреќа, запрен е сообраќајот на магистралниот пат Струмица- Граничен премин Ново Село

Двајца тешко повредени во сообраќајка кај Тајмиште

Жител на Љубојно почина откако изгуби контролa врз моторот што го управуваше

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина возач на патот Гостивар – Кичево

Полицијата уапси едно лице по несреќата во Скопје во која загина 19-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Двајца работници загинаа во тешка сообраќајна несреќа во близина на Шабац, камион удри во екипа на пат