Трамп испрати уште 1.500 војници на границата со Мексико

Од:

Претставниците на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп размислуваат да испратат до 10.000 војници на американско-мексиканската граница и да користат воени бази за задржување на мигрантите кои чекаат депортација, се вели во владиниот меморандум до кој дојде Си-Би-Ес Њуз.

Во извршната наредба што Трамп ја потпиша по преземањето на функцијата во понеделникот, тој прогласи национална вонредна состојба долж јужната граница и му нареди на Министерството за одбрана да обезбеди војници и ресурси „за да се постигне целосна оперативна контрола“ на границата.

Трамп, исто така, нареди војската да помогне во изградбата на „бариери“ на границата за да се спречат илегалните премини на мигранти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

Додик: Ќе му понудам на Трамп литиум пронајден во РС, тоа ќе го намали притисокот врз нас

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

Трамп: Постигнат голем напредок во преговорите со Јапонија

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина