Собранието го изгласа Предлог на законот за изменување на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство

Од:

Собранието во рамки на денешната 31. седница донесе неколку законски решенија откако за нив претходно била завршена расправата.

Пратениците ги изгласаа Предлог на законот за изменување на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство – Прво читање, Предлог на законот за изменување на Законот за комуналните дејности, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за финансиската полиција, Предлог на законот за изменување на Законот за градење и Предлог на законот за изменување на Законот за превоз во патниот сообраќај, сите по скратена постапка.

Беа изгласани и финансиски планови на неколку институции – Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2025 година, Финансискиот план за изменување на Финансискиот план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2024 година со дополнување и пренамена на средства, Финансискиот план за изменување на Финансискиот план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2025 година со пренамена на средства, Предлог на одлуката за давање согласност на Предлогот на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2025 година и Предлог на одлуката за давање на согласност на Предлогот на Годишниот финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2025 година, и двата во второ читање

Би можело да ве интересира

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски