Најмалку две лица се убиени, меѓу кои и едно дете, во напад со нож во парк во германскиот град Ашафенбург.
Messer-Terror in Aschaffenburg! Zwei Tote und mehrere Schwerverletzte +++ Mindestens ein Kind unter den Opfern +++ Polizei im Großeinsatz!https://t.co/jjRjQ4AS7R pic.twitter.com/JrLQGYZccn
— NIUS (@niusde_) January 22, 2025
Нападот се случил во парк во центарот на градот, пренесува „Билд“.
Според првичните информации, загинале две лица, меѓу кои и едно дете, додека неколку лица се повредени.
На местото на нападот се наоѓаат голем број полицајци и возила на брзата помош.
Според полицијата, причината за нападот првично била нејасна. Железничкиот сообраќај на Јужната станица во моментов е прекинат бидејќи осомничениот се обидел да побегне преку шините.
„Билд“ пишува дека се уапсени две лица.