ВЛЕН: ДУИ нон грата во опозиција, заврши ерата на влијание во судовите

Од:

Кога ќе се спомене ДУИ, не можеме да мислиме друго освен на злоупотреби и корупција. Сакаме да ја информираме јавноста за едно важно прашање поврзано со економската активност на компанијата “Еверест ЈД“ ДООЛ, која е во сопственост и управувана од Дрин Ахмети, внук на лидерот на ДУИ нон грата, Али Ахмети. Според достапните информации, ова компанија не го платила концесискиот надоместок за експлоатација на минерални суровини на локацијата “Буковиќ“, со што ги прекршила законите и прописите, велат од ВЛЕН.

„Оваа неодговорна постапка претставува сериозен облик на нетранспарентност и злоупотреба на привилегиите дадени за експлоатација на природните ресурси и поради оваа причина, коалицијата ВЛЕН иницира да се преземат итни и целосни мерки за расветлување на ова прашање.

Со гордост ја споделуваме оваа информација, бидејќи со несаканата транзиција на ДУИ во опозиција, заврши и заштитата или поддршката во судовите и обвинителството. Затоа, ова е знак дека завршува ерата на политичко влијание врз институциите кои треба да бидат целосно независни и не засегнати во работата на правосудството“, тврдат од ВЛЕН.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: ДУИ да го почне ветингот од својот претседател

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ВЛЕН: ДУИ повторно се обиде да ги измами Албанците, но нивната пропаганда беше уништена со факти

ВЛЕН: Валмир Азири го продаде албанскиот идентитет за работно место

ВЛЕН: Албанците бараа правда, вработување и достоинствено претставување, но ДУИ не слушаше

Левица: ВРЕДИ го озаконува балансерот – ДПМНЕ и ЗНАМ соучесници во процесот на федерализација