Непал одлучи да ги зголеми таксите за дозволи за искачување на Монт Еверест за повеќе од 35 отсто, што го прави највисокиот врв на светот поскап за алпинистите за прв пат по речиси една деценија, соопштија денеска официјални лица.
Дозволата за искачување на Еверест, кој е на 8.849 метри, сега ќе чини 15.000 долари, што е за 36 отсто зголемување од претходната цена од 11.000 долари, која важеше речиси една деценија, објави Ројтерс.
„Надоместокот за дозволата не беше ревидиран долго време. Сега го ажуриравме“, рече генералниот директор на Одделот за туризам, Нарајан Прасад Регми.