Американскиот претседател во заминување Џо Бајден денеска превентивно помилува пет членови на неговото семејство, неколку минути пред да му ја предаде функцијата на Доналд Трамп, нагласувајќи дека сака да ги спречи да станат мета на „неосновани и политички мотивирани истраги“.
Меѓу помилуваните се и неговите двајца браќа Џејмс и Френсис. На листата се и Сара, сопругата на Џејмс Бајден, сестрата на Бајден, Валери и нејзиниот сопруг Џон.
Бајден, исто така, ја ублажи доживотната казна на индијанскиот активист Леонард Пелтиер, кој помина речиси пет децении во федерален затвор за убиствата на двајца агенти на ФБИ во 1975 година, Пелтиер ќе го одлежи остатокот од казната во домашен притвор.