Потпретседателот на српската влада и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека припадниците на МВР спречиле хрватска државјанка која утрово се обидела да упадне во зградата на српското претседатлство и како што рече упатувала закани.
„Припадниците на МВР, ПС Стари Град, денеска во 10 часот спречија хрватска државјкака која сакаша насилно да влезе во зградата на Претседателството и упатуваше закани кон полицајците, кон српски функционери и кон Република Србија“, изјави Дачиќ.
Лицето е приведено во службените простории на Полициската станица Стари Град, а против нес во соработка со надлежното обвинителство ќе биде поднесена соодветна пријава.