Сообраќајна поука „Вози мотор, но биди безбеден“

Од:

Во рамки на поширокиот проект „Полицијата и граѓаните заедно“, Отсекот за превенција при Единицата за БПС во соработка со Мотоциклистичката федерација на Македонија во просториите на СВР Скопје ја реализираа проектната активност насловена „Вози мотор но биди безбеден“.

Како што денеска соопшти МВР, одржана е сообраќајна поука за граѓани од Скопје кои сториле сообраќаен прекршок како возачи на велосипеди со помошен мотор, мопеди и  мотоцикли, а учествувал и претседателот на Мотоциклистичката федерација на Македонија, Ленин Јовановски, воедно и претседател на мото-клубот „Ноќни волци“.

Поуката се состоеше од презентирање на правилата и прописите кои го регулираат сообраќајот на велосипедите со мотор, мопедите и моторциклите, најчестите  причини за случување на сообраќајни незгоди со потешки последици, опасностите од непочитување на правилата како и статистиката за случени сообраќајни незгоди на подрачјето на град Скопје. Во текот на поуката, биле прикажани повеќе сообраќајни филмови со препораки за зголемување на безбедноста во патниот сообраќај.

Јовановски, од свој аспект на присутните граѓани им пренел дел од своето искуство како долгогодишен возач на мотоцикл, и дал препораки како да се однесуваат во сообраќајот за да ја подобрат сопствената безбедност, како и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Од почетокот на сезоната на возење мотори во 2013 година Отсекот за превенција при ЕБПС во СВР – Скопје, релизираше вкупно шест сообраќајни поуки за возачи на мопеди и моторцикли на кои беа повикани вкупно 212 граѓани.

Би можело да ве интересира

МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки

А1он

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Лозово

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: МВР го најде скопјанецот коњ влечеше кон врзан за автомобил, треба да одговара за „мачење животни“

Работно време на Управните служби на МВР за време на Велигденските празници

Кривична за 10 специјалци на МВР кои незаконски добивале пари

Горан Наумовски

Работно време на Управните служби на МВР за време на Велигденските празници