Универзитетот Свети Кирил и Методиј (УЦМ) и Универзитетот Трнава, двата во Словачка, денеска добиле мејлови со закани со бомбашки напади, објавија двата универзитети, додавајќи дека нивните згради се евакуирани.
„Полицијата во моментов ги презема неопходните безбедносни мерки во просториите. Поради оваа причина, денешните часови и испити се откажани“, објави УЦМ на социјалните мрежи, додавајќи дека студентите ќе бидат известени за алтернативните датуми.
Официјален претставник на Универзитетот во Трнава објави дека ректорот наредил онлајн часови и работа од дома како одговор на закана за бомба, пренесува ТАСР.