Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за полската телевизија ТВН24 изјави дека постои шанса војната на Русија против Украина да заврши оваа година со поддршка на САД и Европа.
Како што пренесува „Украинска правда“, на прашањето на полските новинари за веројатноста војната да заврши во 2025 година, Зеленски одговорил самоуверено, велејќи дека тоа е можно.
„Трамп сака да стави крај на војната. Тој има способност да изврши притисок врз Русија. Убеден сум дека Русија се плаши и од САД и од Кина“, рече Зеленски.
Украинскиот претседател нагласи дека Трамп мора на Украина да и понуди конкретни безбедносни гаранции кои не само што ќе ѝ користат на Европа, туку и ќе испрати порака до Русија дека Украинците, заедно со другите нации, можат да се одбранат доколку Путин повторно се обиде да предизвика војна.