Во Париз уапсена жена осомничена за поврзаност со Ал Каеда

Од:

Една жена беше уапсена утрово во Париз од страна на Централната дирекција за внатрешно разузунување (ДЦРИ), осомничена дека одржувала врски со Ал Каеда во Арапскиот Полуостров (АКПА), јави дописникот на МИА од Париз.

Таа беше уапсена рано изутринва околу 6 часот и 30 минути во еден стан во квартот Белвил во 20-от париски арондисман. Нејзиното апсење е во рамките на една прелинимарна истрага за „криминално здружување со цел да се подготвуваат терористички акти“, спроведена од антитерористичкиот дел на јавното обвинителство на Париз.

АКПА е огранок на Ал Каеда во Јемен и е позната по објавувањето на онтернет текстови со пропагандна содржина насочена кон млади радикални исламисти од запданите земји.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток