Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Од:

Надградбата и зголемувањето на капацитетот за испорака на нафта во Чешка преку Трансалпскиот нафтовод (ТАЛ) од Италија стави крај на потребата на земјата за увоз на руска сурова нафта, изјави чешкиот премиер Петр Фиала.

Од руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, Чешка работи на диверзификација на патиштата за снабдување за да не зависи од руската нафта.

Договорот за проширување на нафтоводот беше потпишан во мај 2023 година, повеќе од една година откако руската инвазија на Украина доведе до санкции за руските енергетски производи.

Веќе нема директни договори меѓу Чешката Република и руските добавувачи. Сега кога ТАЛ има капацитет да ги задоволи сите потреби за нафта на Чешката Република, земјата повеќе не треба да се потпира на гасоводот Дружба од исток, кој некогаш обезбедувал половина од нејзините потреби за енергија.

„Ова е клучен момент за Чешка. Русија повеќе не може да не уценува и имаме гаранција дека ќе можеме целосно да се снабдуваме со нафта од Запад“, рече Фиала.

TAЛ транспортира нафта од италијанското пристаниште Трст до јужна Германија, каде што се поврзува со нафтоводот ИКЛ до Чешка.

Проширувањето го удвои капацитетот на нафта за Чешка, членка на ЕУ и НАТО, на осум милиони тони годишно.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски