Разгледувањето на „германското сценарио“ за решавање на украинското прашање е малку веројатно, бидејќи никој сериозно нема да ја разгледа опцијата нуклеарната сила да му направи какви било отстапки на Киев, нагласи заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев.
Тој на Телеграм ја коментираше изјавата на американскиот специјален претставник за преговори за Украина Курт Волкер дека „најдобар историски пример за Украина е поделбата на Германија по Втората светска војна“.
Кој сериозно би ја разгледал опцијата во која нуклеарната велесила и дава нешто (на Украина), без да ги земе предвид Уставот и волјата на обединетиот народ на нашата земја? – праша Медведев.
Според него, нема шанси германското сценарио да се примени на ситуацијата во Украина по аналогија со создавањето на Источна и Западна Германија.
– Би сакал да го спомнам таканареченото германско сценарио, за кое сега повторно се разговара, а според кое поделена Украина би станала еден вид Германија, каде што, се разбира, улогата на Западна Германија`се припишува на Киев, а „Источна Германија“ на руските територии кои се „вратија дома“. Очигледно е зошто настанува такво сценарио и покрај тоа што нема шанси. Одговорот е едноставен: ова би му олеснило на нелегалниот режим во Киев да се помири со најбесните неонацисти – изјави Медведев.
Тој потсети дека обединувањето на Германија се заснова на желбата на Германците да ја обединат својата земја и да ја искористат „немоќта“ на тогашните советски лидери.