(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Од:

Најмалку 50 лица се повредени денеска во судир на два трамваи во тунел во близина на железничката станица во Стразбур, јавија француските медиуми, наведувајќи дека 15 лица се пренесени во болница, а според последните извештаи, никој не е сериозно повреден во несреќата.


Во трамваите имало околу стотина луѓе, а според првичните информации, машиновозачот не ги почитувал знаците и завршил на погрешна пруга пред директно да се судри со неподвижен трамвај, објави „Фигаро“.


Противпожарната и спасувачката служба Ба-Рене соопшти дека се мобилизирани бројни ресурси и се на терен, вклучително и 130 пожарникари, објави телевизијата БФМ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција