Мециновиќ: Сега одговорноста е на мнозинството кое треба да изгласа нов претседател на Комисијата за социјална политика, демографија и млади

Од:

Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ попладнево на прес-конференција истакна дека со изгласањето на интерпелацијата за работењето на претседателката на Комисијата социјална политика, демографија и млади Илире Даути е пресечен голем јаз околу Законот за бранителите, кој беше поднесен, а потоа блокиран преку оваа Комисија.

Мециновиќ потенцира дека причините за блокирањето на Законот се јасни. Како што посочи, тие се деструктивни и неделовнички.

– Ние го поздравуваме денешното гласање на ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ за оваа интерпелацијата, која сметаме дека се случи преку проактивноста и притисокот што ги наметна Левица. Но и понатаму стои проблемот, а тој проблем се вика Африм Гаши. За Законот за задолжување за која не беше свикана Комисијата за финансирање и буџет, слична ситуација како ова со пратеничката Илире Даути, претседателот на Собранието на своја рака ја закажа седницата за да помине Законот. Проблемот Африм Гаши уште постои и потсетиме дека за неговата интерпелација ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ не најдоа храброст да изгласаат. Сега одговорноста е на мнозинството. Додека за опозициската СДСМ сметаме дека причината која тие ја изнесоа беше апсолутно нерелевантна. Ја покажува нивната сервилност и кукавичлук затоа што очигледно дека во минатите два дена ако имаа координирани напади помеѓу СДСМ и ДУИ тоа беше да се испере нивната пасивност и невозможноста да се излезе од матрицата на ДУИ, рече тој.

Мециновиќ нагласи дека сега одговорноста е на мнозинството која треба да изгласа нов претседател на Комисијата за социјална политика, демографија и млади.

– Се надеваме дека мнозинството ќе најде храброст да го одблокира овој процес и да се донесе Законот, а не да се оставаат преседани кои го фаворизираат самоволието на претседателите на комисиите. Одговорноста сега е на мнозинството. Топката сега е потполно кај мнозинството која всушност треба да изгласа нов претседател на Комисијата за да продолжи работата во еден нормален тек на настани, рече тој.

Мециновиќ упати апел до пратениците на СДСМ да се пробудат од, како што рече, зимскиот сон и да почнат да ја следат опозициската борба која Левица ја води во Собранието.

Пратениците попладнево, со 61 глас „за“, 22 против и без ниту еден воздржан, ја поддржаа интерпелацијата на претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади Илире Даути што ја поднесе пратеничката група на Левица. Собранието констатира дека наводите во интерпелацијата на работата на Даути се основани.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Едно од главните ветувања минатата кампања беше ДУИ во опозиција и ако продолжат вака нереформирани уште долго ќе останат таму

Михајловски: Очекуваме поголем број на советници кои ќе го направат Штип подобро место за живеење

Свеќаровска: Градот не се улиците и зградите, градот сме ние, луѓето

Филипче од Виница: Македонија е претпоследна во Европа по минималната плата

Мицкоски: Перјаницата, чии колумни ги споделува целото раководство на СДСМ, порачаа дека било штос моето распарчено тело да го спакувале во куфер

Предраг Петровиќ

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ