Екипата на Евертон е единствената непоразена во Премиер лигата. Синоќа на последниот натпревар од 6.коло Евертон на „Гудисон парк“ во Ливерпул го победија Њукасл со 3:2 (3:0).
Целата работа околу победникот беше завршена во првиот дел кога домаќините поведоа со 3:0, а головите ги постигнаа Ромелу Лукаку (два) и Рос Баркли. Гостите до крајот на натпреварот успеаја само да го ублажи поразот со головите на Јоан Кабаје и Лоик Реми.
Евертон со серијата од три победи по ред се проби на 4.место на табелата со 12 бода, зад водечката тројка Арсенал 15, Ливерпул 13, Тотенхем 13.
Тимот на Њукасл по двете победи сега има два пораза и со 7 бодови е на 16.место, под него се Вест Хем со 5, Фулам со 4, Кристал Палас со 3 и Сандерленд со 1 бод.