Меѓу членовите на грчката неонацистичка партија Златна зора што ги уапси полиција во Грција, се најде и Албанката Никол Бенеки, која раководи со партиската организација на жените во градот Нике, објави тиранскиот весник „Шекули“.
Како што јави дописникот на МИА, весникот наведува дека Никол Бенеки е позната како „најмоќна жена во партијата и раководи со локалната организација на жените, која се смета за најагресивен дел од партијата Златна зора.
– Таа е една од трите жени членки на Златна зора уаспени од страна на полицијата, стои во написот.
Досега беше познато дека има само еден „албански претставник“ во оваа грчка неонацистичка партија, Роверт или Роверто Хаиди од Лукова, сопственик на хотел во родното место. Засега, се двајца кои се во групата на најагресивните, констатира весникот.