Мицкоски: Бесплатен јавен превоз за студентите ќе има, Владата донесе одлука да му префрли 120 милиони денари на ЈСП

Од:

Во изминатите неколку недели актуелна беше темата за јавниот бесплатен превоз на студентите. Имајќи ја во предвид очајната финансиска состојба во Јавното сообраќајно претпријатие се наметна темата дали тоа воопшто ќе продолжи да работи, да функционира и се доведе во прашање имплементацијата на самата мерка за бесплатниот превоз на студентите.

Станува збор за наследен проект и проект кој беше заглавен со многу недоречености и долгови.

Дополнително на ова, свесни за фактот што студентите се иднината на нашата држава, но и за тоа дека, секојдневно се соочуваат со големи предизвици, високи трошоци за школување, сместување и живот. Во вакви околности, јавниот превоз е еден од главните трошоци за студентите, рече на прес конференција премиерот Христијан Мицкоски.

Затоа Владата на денешната редовна седница одлучи да му префрли 120 милиони денари на Градот Скопје, односно на Јавното сообраќајно претпријатие, за да може оваа мерка непречено да се реализира и следната календарска година. Тоа е едно дополнително олеснување на образовниот процес на студентите и една грижа помалку за нив, од финансиски аспект.

За потсетување, претходната Влада три години не обезбедуваше средства за оваа намена и немаше донесено ваква одлука. Оттука и недовербата која студентите ја имаа кон извршната власт. Ги уверувам, треба да бидат спокојни, затоа што новата Влада ги исполнува ветувањата и обврските кон граѓаните, а токму оваа наша одлука е потврда на тоа.

Во изминатите нешто повеќе од 6 месеци имавме редовна и отворена комуникација со младите, со студентите за што повеќе ќе говори министерката. Често дискутиравме за нивните потреби, барања и наталожени предизвици.

Бесплатниот јавен превоз ќе им овозможи поголема достапност до образованието и ќе ги ослободи од финансискиот товар, со што тие ќе можат повеќе да се фокусираат на своите студии и личен развој.

Оваа мерка има се разбира и еколошки аспект. Поттикнувајќи ги младите да го користат јавниот превоз, намалуваме употреба на приватни возила, со што придонесуваме за почист воздух, помали емисии на штетни гасови и поздрави градови.

Сакам да истакнам дека наследивме Влада со многу проблеми, но ги решаваме, целосно посветени на она што преставува реална потреба на сите граѓани. И во последниот ден од оваа година сакам да посочам неколку работи. Надежта се роди и очекувањата се големи. Ќе работиме до ситните часови, и секој ден така, само за да не ги изневериме очекувањата на граѓани, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: 6.045 пристигнати апликации, 3.296 се од млади лица под 29 години, што посебно радува

Лукас се враќа во Скопје: Парите ќе ги донираме на семејствата во Кочани, Владата да не се секира сите документи ќе ги носиме, па и тоалетна хартија

Предраг Петровиќ

Иницијативен одбор за реформи во ЛДП: Како од „фабрика на идеи“ ја сведовте ЛДП на непрепознатлива НВО организација

Предраг Петровиќ

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас

Рекордно зголемени водостоите кај Треска и Сатеска

Предраг Петровиќ

Нормализиран сообраќајот на патот Крива Паланка – Деве Баир

Предраг Петровиќ