Десет претреси кај 10 лица на повеќе локации во Скопје, Неготино, Дојран и Битола

Од:

Десет претреси кај десет лица на повеќе локации во Скопје, Неготино, Дојран и Битола се извршени во акцијата, која денеска се спроведува за кривични дела поврзани со криумчарење луксузни автомобили од странство, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, СВР Скопје, ЕВР Ѓорче Петров, СВР Битола, ОВР Неготино и ОВР Гевгелија во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, по наредба на судија на претходна постапка, преземаат дејствија за обезбедување докази во постапка за кривични дела поврзани со криумчарење луксузни автомобили од странство.

-Извршени се 10 претреси кај 10 лица на повеќе локации во Скопје, Неготино, Дојран и Битола. При претресите е пронајдена разновидна документација, околу 25 грама кокаин, лап топови, телефони и други предмети поврзани со кривичните дела, наведуваат од МВР.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски претходно потврди дека се спроведува акција насочена кон сузбивање на организирана криминална група која се занимава со криумчарење на скапи моторни возила, фалсификување исправи и злоупотреба на службена положба.

-Акцијата е насочена кон сузбивање на организирана криминална група која се занимава со криумчарење на скапи моторни возила, фалсификување исправи и злоупотреба на службена положба, за што утрово се вршеа претреси на повеќе локации. Продолжуваме со борба против сите облици на криминал, затоа што македонските граѓани заслужуваат да живеат во стабилна и безбедна држава, потенцира Тошковски.

Министерот, како што соопшти МВР, изутринава ги посетил полициските службеници во Единицата за внатрешни работи во Ѓорче Петров, каде облиску се запознал со текот на акцијата што денеска се спроведува од страна на СВР Скопје во координација со Одделот за криминалистичка полиција.

Претходно денеска од Обвинителство информираа дека под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје од утрово се преземаат дејствија за обезбедување докази во постапка за кривични дела поврзани со криумчарење луксузни автомобили од странство.

Надлежниот јавен обвинител од судијата на претходна постапка обезбедил наредби за претрес на повеќе локации во Скопје и други градови.

Меѓу осомничените има и службени лица и еден странски државјанин.

-Претресите се спроведуваат од припадници на МВР, а за натамошниот тек на постапката и за конкретните дејствија за кои постојат сомненија дека ги сторило секое од инволвираните лица, Обвинителството ќе информира по нивното завршување, наведуваат оттаму.

Би можело да ве интересира

Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман

Кривична пријава за членка на Судски совет, 15 пати зела парти за превоз, а ќерка и имала стан во Скопје

Катерина Ѓуровски

МВР: Од 12 октомври нов систем за влез/излез од ЕУ, со што сè треба да се подготват патниците

Горан Наумовски

Пијаните возачи ќе одговараат кривично, заострување на казните

Ги нападнале овчарски кучиња, се качиле на столб за мобилна телефонија – спасени белгиски планинари во Ценар Жупа

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Еднојазичните униформи не се само облека