Зеленски збесна: „Путин му издаде наредба на словачкиот премиер да отвори нов фронт“

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во објава на социјалната мрежа Х остро реагираше на потегот на словачкиот премиер Роберт Фицо, кој неодамна беше во посета на рускиот претседател Владимир Путин.

Словачкиот премиер Роберт Фицо по посетата на Путин во Москва изјави дека неговата земја ќе разгледа реципрочни мерки против Украина, како што е прекинот на резервното снабдување со електрична енергија по 1 јануари, доколку Киев, како што се очекува, го запре транзитот на руски гас за Словачка. Словачка се обидува да ја задржи испораката на руски гас преку Украина во 2025 година, иако Киев одби да го обнови транзитниот договор со Москва, кој истекува на крајот на годината.

Се чини дека Путин му наредил на Фицо да отвори втор енергетски фронт против Украина на сметка на интересите на словачкиот народ, вели Зеленски.

„Единствената причина зошто Украина треба да увезува струја сега е руската окупација на нуклеарната централа Запорожје и нејзината употреба на ракети и беспилотни летала Шахед за намерно уништување на голем дел од термалното и хидроенергетското производство во Украина“, додаде Зеленски.

„Благодарение на херојските напори на нашите енергетски работници и соработката со ЕУ, САД, Обединетото Кралство, Норвешка, Јапонија и другите партнери, успеавме да спречиме прекини во Украина. И сега Фицо ја вовлекува Словачка во обидите на Русија да предизвика нови страдања за Украинците“, вели претседателот на Украина.

„Мораме да го потсетиме Фицо на три работи. Прво и основно, поддршката на руската агресија е целосно неморално.

Второ, кратковидната политика на Фицо веќе го лиши словачкиот народ од компензација за загубата на рускиот транзит на гас. Сега ризикува да ги лиши Словаците од дополнителни 200 милиони долари годишно, кои Украина ги плаќа за увезена струја. Да, овој критичен увоз не е бесплатен, а цената е значителна.

Трето, секој во Европа, вклучително и народот на Словачка, ќе смета дека е многу попрофитабилно од секоја перспектива да работи со соседите и со ЕУ за зголемување на снабдувањето на Европа со енергетски ресурси, вклучително и гас од Америка и други партнери. Само ова може да ги намали трошоците за енергија за повеќето семејства“, рече Зеленски.

„Уделот на Словачка во увозот на електрична енергија од Украина е приближно 19%. Владата на Украина работи со нашите соседи од ЕУ за одржување на потребните количини на снабдување со електрична енергија.

Словачка е дел од единствениот европски енергетски пазар и Фицо мора да ги почитува заедничките европски правила. „Сите произволни одлуки во Братислава или наредби од Москва Фицо во врска со струјата не можат да го прекинат снабдувањето со електрична енергија за Украина, но секако можат да ги прекинат врските на сегашните словачки власти со европската заедница“, заклучи украинскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Фицо со писмо до ЕУ: Прифаќањето на одлуката на Зеленски за гасот е ирационална и погрешна

А1он

Зеленски очекува САД да објават одлука за нова помош за Украина

А1он

Песков: Путин и Алиев продолжија да разговараат за соборувањето на авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Горан Наумовски

ВИДЕО: Путин му се извини на претседателот на Азербејџан за паднот на авионот, го нарече „трагичен инцидент“

Катерина Ѓуровски

Путин ги заостри казните за бунт против државата

Катерина Ѓуровски

Фицо: Суспендирањето на испораките на руски гас ќе ја чини Европа 120 милијарди евра

А1он