Уверение за државјанство ќе се вади во секое време преку uslugi.gov.mk

Од:

Министерството за внатрешни работи денеска ја промовираше надградената услуга за електронско издавање на уверение за државјанство која е достапна преку националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk.

-Услугата која и досега беше достапна на порталот иако можеше да се аплицира во секое време, сепак издавањето на е-државјанството беше можно само во работно време. Отсега услугата станува целосно дигитална и граѓаните може да аплицираат во секое време и за само една минута по поднесувањето на барањето, доколку е се во ред, добиваат позитивен одговор и можат да го симнат документот од системот. Дигитализација на услугите и процесите во Министерството се еден од нашите врвни приоритети како Влада и како Министерство. Граѓаните заслужуваат брзо и ефикасно да ги добиваат своите документи кои институциите се должни да им ги обезбедат. Дополнително процесите на дигитализација во огромен процент ја намалуваат можноста од корупција од која страда нашето општество, така што преку дигитализацијата се води и борбата со корупцијата, истакна министерот Тошковски.

Националниот портал uglugi.gov.mk минатата недела беше ребрендиран и редизајниран од Министерството за дигитална трансформација, е централен портал каде се достапни сите електронски услуги на институциите во државата.

Тошковски потенцираше дека се Министерството за внатрешни работи забрзано работи и на дигитализација и на други услуги кои ќе бидат достапни за граѓаните во следниот период.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Полицијата на Тошковски повторно легитимира новинари

СДСМ: Откако МВР призна вина, началникот на Тошковски мора кривично да одговара

Тошковски: Измените на Законот за полиција и за внатрешни работи ќе придонесат за професионализација во МВР

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска: Тошковски сака да ја партизира полицијата и да ја уништи кариерата и професионалноста

Тошковски со законски измени ќе поставува началници на СВР со еден ден работен стаж, велат од Левица

Скандалозно: Според Тошковски дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот