Грозданов: Оние кои носат одлуки за рударството треба да ја слушаат науката, а не лажни активисти

Од:

На Македонија и е исклучително важно да ја слуша науката зошто таа знае да ги слуша потребите на граѓаните и државата пред сите други интереси, вели Виктор Грозданов, аналитичар и рударски инженер во својата последна колумна во која пишува за предизвиците со кои се соочуваат инвестициите во развој на рударската индустрија кај нас.

„Главен проблем е игнорирањето на науката и во моменти на агонија создадена од неедуцираност добиваме паушални процени кои внeсуваат паника кај граѓаните. Така е најлесно“, вели Грозданов.

Грозданов смета дека доколку надлежните сакаат да носат „квалитетни одлуки за развој на животниот и здравствен развој на граѓаните на Македонија“ тие одлуки треба да се носат во консултација со научници и професори кои најдобро ги знаат како да се искористи максимум од потенцијалот на македонското рударско богатство, а притоа да се заштити животната средина.

Пишувајќи за отпорот што често се дава отстрана на активисти за отворање на нови рудници и дека во некои случаи по отворањето на рудниците се покажал како неоправдан го посочува примерот со рудникот во Австралија. Негодувањето на рудникот запреле со почетокот на работа на рудникот кога и локалното население и локалната економија ги забележуваат придобивките од рударскиот капацитет преку илјадници вработувања и допринес кон развој на регионот.

„Кај нас пак досега се познати активностите на регионалната иницијатива „Зелена котлина“, која организираше низа протести против отворањето на рудникот во Иловица. Сепак, се погласни станаа експертите кои ја користат науката и макроекономските аналитичари кои на основ на анализите гледаат кон југоисточниот регион на земјава за потенцијалните придобивки од отворањето на рудникот“, пишува Грозданов.

Би можело да ве интересира

Грозданов: Цехот од немање визија како да се искористи рударски потенцијал за скоро ќе ни биде испорачан, кој ќе го плати!?

Се исцртува ли визија за развојот на рударството во Македонија со формирањето на ново министерство

Горан Наумовски

Државата исправена пред економска логика – ќе го поддржат ли извозот на рударството за зголемен економски раст?

A1on

ССЕРИ: Бесправно ни се стопирани паричните текови од страна на АД ЕСМ

Ана Ололовска

Бектеши контра Асоцијацијата за рударство, најважно е здравјето и безбедноста на граѓаните

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Шахпаска: Рударите добиваат бенифициран стаж

Ана Ололовска