Украина доби 1,1 милијарда долари од ММФ

Од:

Украина добила 1,1 милијарда долари од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), што се пари кои ќе бидат насочени кон клучните буџетски трошоци, објави украинскиот премиер Денис Шмихал.

Ова е шеста исплата на пари за Украина во рамките на програмата за продолжени кредити на ММФ, со што вкупната помош од ММФ за Украина достигна 9,8 милијарди долари.

Надворешното финансирање, како што е 15,6 милијарди долари што ММФ и ги додели на Украина во период од четири години, е од клучно значење за Киев бидејќи буџетот на земјата е под зголемен притисок поради војната со Русија, пишува Киев Индипендент.

Му благодариме на Меѓународниот монетарен фонд за постојаната поддршка на нашата земја за време на војната“, напиша Шмихал на Телеграм.

Минатата година Украина доби 42,5 милијарди долари странска помош, а Министерството за финансии проценува дека во 2025 година ќе бидат потребни најмалку дополнителни 12 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Кос: Украина до крајот на 2025 може да ги отвори кластерите за пристапување во ЕУ

Украински дрон уништи руски бомбардер со долг дострел Ту-22М3

Дугин: Украинците се патетични, глупави неверни губитници без љубов, националисти без нацијa

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

Калас: Нападите на Русија врз Украина се интензивираа по понудата за прекин на огнот