„Феникс“ објави Антологија на драмски текстови за деца и млади

Од:

Издавачката куќа „Феникс“ објави Антологија на драмски текстови за деца и млади, која содржи 13 нови и необјавени пиеси. Застапени се авторите Киро Донев, Трајче Кацаров, Љубинка Донева, Љубомир Грбевски и Билјана Станковска, по избор на доц.д-р Христо Петрески, кој е и автор на предговорот.

– Основна идеја на овој проект е развој на театарот за деца и млади, препорачување за изведување и понатамошна афирмација на необјавените и неизведуваните драмски текстови од малубројните, но активни и вредни македонски автори кои се занимаваат со оваа проблематика и чии ракописи често собираат прашина во нивните фиоки, а театарските куќи пак, се жалат дека немаат добри текстови за деца и млади. И покрај (у)верувањето дека најчесто е така, факт е дека домашните драмски автори се потценети, запоставени, па и заборавени, односно театрите не сметаат и ретко работат со нив, пишува во предговорот на Антологијата.

Приредувачот посочува дека при создавањето на драмските текстови за деца и млади акцент треба да се стави врз иновативноста на планот на содржината и формата, релевантноста и актуелноста на темите и мотивите, на универзалните и коспомолитските вредности, на комуникацијата и интерактивноста со младите гледачи… а покрај кратките драмски форми: едночинки, скечеви, сценски игри, драмолетки, монодрами…, пожелно е да се создаваат и играат и развиени, осмислени и привлечни, остварени и заокружени, вистински драмски текстови и театарски претстави за деца и млади.

Би можело да ве интересира

МОН за доцнењето од три месеци: Авторите немаа интерес да достават предлог учебници

A1on

Меѓународна тркалезна маса за лексикографските трудови во Македонија

Наум Локоски

Штипската библиотека доби 27 книги отпечатени на Браевото писмо

Наум Локоски

Нови 25 наслови од светската филозофија, историја и психологија со психоанализа

Емир Латифовиќ

Јовица Тасевски – Етернијан на Саемот на книгата

Емир Латифовиќ

Струшката библиотека доби современа читална

Емир Латифовиќ