Мицкоски по Самитот во Брисел: Оставете ги билатералните прашања, коишто предизвикуваат емоција, да зборуваме за соработки

Од:

Оставете ја емоцијата, оставете ги билатералните прашања коишто предизвикуваат емоција, ајде да зборуваме за билатерални соработки, од коишто ќе имаме реални опипливи резултати коишто ќе се темелат на прогресивен напредок, ова е дел од пораката на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски по Самитот во Брисел.

Прашан дали е оптимист по посетата на Брисел, премиерот, Мицкоски истакна дека активно учествувал на седниците и на работниот дел, како и на работната вечера, а следниот ден имале состанок на семејството на Европската народна партија, каде што какошто вели активно учествува и она што го кажува како аргумент во јавноста делумно или целосно, го кажува и таму.

– Јас не добивам од страна на моите соговорници контрааргументи, бидејќи контрааргумент не е знаеш треба 27 да одлучат. Зборувам за план, којшто не е план само за првиот чекор. Јас сум подготвен да разговарам за план, којшто нас ќе не однесе до крај, бидејќи ние како држава не сме како сите кандидати, морате тоа да го признаете. Затоа што ние повеќе од две и пол децении сме дел од овој процес. Скоро две децении сме кандидати и никој досега немал билатерални договори во својата преговарачка рамка, изјави Мицкоски.

Тој забележа дека ниту една земја досега нема променето знаме, банкноти, име, какошто го направи нашата земја, а токму сето тоа создава фрустрација, кај граѓаните.

-Ние не сме, како да кажам како сите што станаа членки. Имаше еден говорник, да не именувам сега од моќна држава, која е членка на Европската унија, којшто многу јасно кажа на работната вечера, не е ова процес на поглавја и на кластери, да тоа е формално. Но, да бидеме реални ако немаше политичка храброст немаше да има толку големо проширување во 2004 година, да бидеме сите реални. Ниту денеска, ниту една земја членка од Европската унија не е усогласена со секоја точка, запирка од кластерите или поглавјата. Но има политичка волја, се се сведува на политичка волја и на храброст. Тоа е тоа, ако некој таму одлучил овој процес да биде жртва на билетарални прашања, што е во ред, да билатерални прашања, да соработуваме меѓу себе билатерално, во делот посебно на образованието и тоа беше мојата дискусија на Самитот на Европската народна партија, да тогаш има додадена вредност, вели Мицкоски.

Посочи дека во Брисел истакнал оти треба да се зборува за образование, економија, туризам, трансфер на знаење, и какошто рече Мицкоски „логично е, бидејќи тука можеме да дојдеме до очекуван резултат“.

-Но, ако зборуваме за идентитски прашања или ако зборуваме за тема којашто се случила во средниот век можеме да зборуваме, но како ќе ја дознаеме вистината, како ќе има мерлив резултат, кога од тогаш нема жив човек да посведочи што се случувало, а ако зборувате за идентитски прашања, тогаш се случува емоција, а кога ќе ви се случи емоција вие не можете да дојдете до рационално решение т.е, не можете да дојдете до решение, изјави Мицкоски.

Прашан дали имал средба со техничкиот премиер на соседна Бугарија, Главчев, Мицкоски со одговор дека по работната сесија на излегување се поздравиле и му кажал дека имал одличен настап, говор и оти на тој начин треба да се градат односите меѓу двете држави.

– Едноставно по завршувањето, ако тоа се смета состанок, по завршувањето на работната сесија на излегување ме поздрави и ми кажа дека сум имал одличен настап, одличен говор и дека на тој начин треба да се градат односите помеѓу двете држави. Јас на тоа одговорив одлично, ајде во скора иднина да ја кренете рампата, за да можеме да почнеме да преговараме и на тоа добив одговор „знаеш во нашиот Парламент сите се против вас“, еве од прилика ова беше разговорот, ако ова е разговор, којшто сме го имале состанок, ова беа буквално ги цитирам неколкуте реченици, коишто ги разменивме, рече Мицкоски.

Мицкоски истакна дека за Главчев има навистина високо мислење и какошто рече „навистина секаде каде што се среќаваме, се сретнавме на многу настани, имавме би рекол пријатни разговори“.

Би можело да ве интересира

Двајца македонски државјани фатени со 137 килограми марихуана на ГП Ѓуешево

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието

Предраг Петровиќ

Се заканувал со пиштол кон жители на Дебар, меѓу нив и малолетници

Мицкоски: Очекувам завршување на најмалку три инфраструктурни проекти

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Секој кој ќе отвори тема за идентитетските прашања не му мисли добро на соседот

Горан Наумовски

Главчев: Можеме да водиме секакви дијалози, но нашата позиција не е променета