ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Фани се левиот и десниот џеб на Заев

Од:

Трансферот на Фани Каранфиловска од Фондацијата Отворено општество во СДС е доказ дека тоа е едно исто, и тоа се едни исти луѓе блиски соработници на Заев уште од времето на Шарената револуција, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Фани Каранфиловска не е и не може да биде ново лице и да донесе нова енергија во СДС затоа што таа работеше да го донесе Заев на власт кој пак ја уназади, осиромаши и уништи Македонија. Филипче и Фани се продолжена рака на Зоран Заев и верни партнери уште од времето на Шарената револуција.

Филипче и Фани се доказ дека со партијата СДС раководи Заев, за тоа знаат и се свесни и членовите на СДС. Луѓето на Филипче и Фани Каранфиловска се истите луѓе на Заев кои се синоним за криминал, корупција и уназадување на Македонија.

Каранфиловска Пановска не го осуди бегството и не го повика Груби да се врати и да се соочи со правдата. Каранфиловска Пановска кога ја повикува судската власт да суди по закон и Устав, треба да знае дека на обвинителите бирани во Струмица и Зајас им се влошуваше здравјето кога требаше да гонат криминал, дека 6 месеци ЈО ја опструира правдата, обвинителите наместо да соработуваат со институциите бараат начин да ескивираат а Љупчо Коцевски 6 месеци не отвори ниту еден случај.

Каранфиловска Пановска наместо да манипулира со јавноста да се посвети на консолидација на СДС. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ одговара на сите безбедносни ризици и најави бескрупулозна борба со криминалот и корупцијата. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ демонстрира одговорност, посветеност и работа, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Наместо виновниците, санкции трпат угостителите и трговците во Гостивар

СДСМ: Орбановите автобуси победија на тендерот во Скопје

(ВИДЕО) Илијоска: Невремето ги опустоши струмичките посеви, а Владата не презема ништо – итно да ги обештети земјоделците

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

СДСМ: Тимчо Муцунски нè убедува дека сме „портата кон Европа“ – а не слепо црево

СДСМ: „Печатна грешка“ со коњ со пет нозе – Орце и ВМРО-ОКГ ја покажаа својата неспособност