Две лица загинаа, а тројца се повредени кога товарен воз се судри со камион и излета од шините во Пекос, западен Тексас.
Судирот се случил попладнево, а железничката компанија „Унион Пацифик“ ја потврдила смртта на двајца вработени, пренесе АП.
Националниот совет за безбедност во сообраќајот испрати тим истражители да ги утврдат причините за несреќата.