СДСМ: Полицаецот кој го пропушти Груби истиот ден зел боледување, Тошковски лаже дека е суспендиран

Од:

Она што вчера СДСМ го објави во јавноста за случајот со бегството на Груби, се потврди како целосна вистина за неполни три часа по нашата прес конференција. Факт е дека полицијата не си ја завршила работата и Тошковски не е никаков херој туку неспособен министер. Но, она што денес ќе го откриеме ќе отвори сериозен сомнеж дека не станува тоа збор за пропуст, туку координирана акција за пуштање на Груби. Ова е скандал од епски размери за кој Тошковки мора итно да излезе и да ја каже вистината, а потота да си поднесе оставка, рече портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

Она што денес ќе го кажеме е директно поврзано со најавите за суспензијата на двајцата полицајци на Блаце за кои вчера МВР имаше официјално соопштение. Едното од лицата, лицето Б.Ј. чиј идентитет засега нема да го откриеме, е внимавајте, службеник кој е поставен на таа позиција откако Тошковски станува министер. Значи по налог Тошковски, Б.Ј е прераспределен на позиција контрола на граничен премин иако претходно извршувал друга работна задача неповрзано со контролата на граничните премини. Ова значи дека човекот кој го има пропуштено Груби е негов личен избор за таа позиција. Го прашуваме Тошковски, дали е вистина дека токму од причини за да може да врши вакви дејствија Б.Ј е поставен на оваа позиција, вели Кузеска.

Таа рече дека полицаецот Б.Ј истиот ден откако го пропуштил Груби земал боледување.

– Со тоа, де факто не може да биде суспендиран се додека му трае боледувањето. Зошто Тошковски лаже дека се суспендирани кога тоа не е направено? Дали сака да го заштити, или пак чека да се забоошоти целата ситуација? И зошто не е поднесена кривична пријава против полицајците туку наводна суспензија кога станува збор за дело за кое може да се поднесе кривична пријава, вели портпаролката на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

Тошковски за аферата „Мазут“: Се надевам ЈО ќе собере храброст и професионално ќе се посвети на сите детали

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

Тошковски: Приведени се пет лица за инцидентот во Чаир, 13-годишно дете се бори за живот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Горан Наумовски

СДСМ: Цените се до плафон – мерки од владата на Мицкоски нема

Горан Наумовски