Нова кривична пријава против Рамиз Мерко за незаконско именување директор на училиште

Од:

Струшката полиција поднела кривична пријава против Рамиз Мерко бидејќи во својство на градоначалник на општината во два наврата донел решение со кое А.О. од струшкото село Подгорци, од библиотекар го именувал за директор на основното училиште во истото село, иако не ги исполнувал потребните услови.

-ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.М.(67) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Тој, во својство на градоначалник на општина Струга, на 30.05.2018 и на 01.04.2024 донел решение со кое А.О. од струшкото село Подгорци, од библиотекар го именувал за директор на основното училиште во истото село. Пријавениот Р.М., го направил тоа иако знаел дека А.О. нема соодветно образование и не исполнува повеќе услови од Законот за основно образование, немал најмалку пет години работно искуство во училиштето, не го положил испитот за директор во утврдениот законски рок, немал приправнички стаж и не поседувал соодветен сертификат за познавање на англиски јазик, информираат од МВР.

Овие неправилности биле утврдени при контрола на Државниот просветен инспектор, извршена на 20 јуни 2024, при што дополнително било констатирано дека пријавениот Р.М., после донесување на одлука на училишниот одбор, не објавил оглас за избор на директор со што, на А.О. противправно му овозможил да добие решение за в.д. директор и остварување парична корист кои му биле исплатени по основ на плата и придонеси.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против Рамиз Мерко за несовесно работење во службата

Предраг Петровиќ

Ново, осмо обвинение за Рамиз Мерко

Катерина Ѓуровски

Мерко побара изземање на судијката Надица Митреска која му суди за незаконската набавка на автомобил

Обвинение за Мерко за бесправно проширување на хотелот „Дрим“

Продолжи судењето против Мерко и за утре тројца за фалсификување исправа и за несовесно работење во училиштето во Велешта

Укинат факултетот за здравствени науки во Струга, Владата ја поништи одлуката од претходното владино раководство