Албански државјанин ограбил две жени во автобус на ЈСП

Од:

Полицијата извести дека синоќа на постојката под Транспортниот центар во Скопје, полициски службеници го уапсиле Ц.Ш.(47) од Република Албанија. Тој се сомничи дека претходно во автобус на ЈСП Скопје извршил кражба, при што од чанти на две жени од Скопје одзел паричници.

„Со него бил извршен службен разговор и бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот и во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Изгоре автобус на ЈСП на Водно

Предраг Петровиќ

Грабеж во Белград – од куќа украден сеф со злато и 400.000 евра

А1он

Уапсен e осомничениот за нападот со нож во банка во Регенсбург

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Германија: Вработен во банка почина по напад со нож, заложничката драма продолжува

Горан Наумовски

Драма во германска банка: Вооружен крадец зема заложници, неколку лица се повредени

Николоски: Четири компании доставија понуди за електричните автобуси