(ВИДЕО) Кузеска: Избран е првиот судија од тефтерчето на Мицкоски

Од:

Наместо реформи, власта спроведува брутална партизација и окупација на судството. Додека јавно се врши притисок врз Судскиот совет, избран е првиот судија од тефтерчето на Мицкоски. Сопруга на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ е назначена за член на Судскиот совет. Тоа е уште една потврда дека целта на власта е потполна контрола врз судството и ништо друго, изјави Богданка Кузеска од СДСМ.

– Наместо независни институции кои ќе судат по словото на законот, се враќа „Сваровски судство“ кое ќе биде продолжена рака на Мицкоски и неговата партија. ВМРО-ДПМНЕ се обидува да создаде партиски контролиран судски систем кој ќе служи како нивна алатка за политички прогон и заштита на криминалот во редовите на власта.

Ова е истиот рецепт од времето на Груевски, кога судиите беа алатки на режимот, а правдата беше глува за граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ сака да биде и судија и егзекутор, да дели партиска наместо законска правда. СДСМ со месеци предупредува дека ова не е изолиран случај, туку јасна стратегија на премиерот Христијан Мицкоски и неговата партија. Судиите да бидат само пиони кои ќе носат одлуки според партиски директиви.

Партизација на судството е директен напад врз демократијата и владеењето на правото. Особено што се случува паралелно со партизација на безбедносните агенции, независните регулаторни тела и други институции. Со партиски окупирани институции и контролирано судство нема владеење на правото. СДСМ ги повикува сите демократски сили – граѓаните, правните експерти, граѓанските организации и независните медиуми – да застанат цврсто против обидите за партиска контрола врз судството. Ова е битка за демократијата, за владеењето на правото и за иднината на нашата држава – вели Кузеска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

Мицкоски: Ние знаеме каде ја водиме Македонија – кон просперитет и иднина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Горан Наумовски

СДСМ: Цените се до плафон – мерки од владата на Мицкоски нема

Горан Наумовски

Поповиќ: Одговорност од Тошковски по новиот скандал со фалсификувани возачки дозволи во МВР

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина