Пакистанската полиција сооопшти дека во нападот со автомобил-бомба во близина на полициска станица во Пешавар загинале најмалку 40 луѓе.
Бомбата била поставена во паркиран автомобил и активирана со далечински управувач.
Меѓу загинатите има шест деца и две жени.
Деведесет луѓе се ранети.
Полициската станица е во близина на христијанска црква која беше цел на нападот извешен во минатиот викенд кога загинаа 85 луѓе.
Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот, трет по ред во Пешавар за една недела.