СДСМ ги повикува пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за Законот за изменување на минимална плата

Од:

Кога се платите на работниците во прашање, Христијан Мицкоски се прави како да не е од тука само за да не преземе одговорност, затоа што нема поголеми плати. Каков е тој став на премиер кој вели минималната плата друг да ја договори? Вакво бегање од одговорност досега е невидено.

Па Владата за што е ако не е за да обезбеди поголеми плати за работниците? Или за Владата се важни само платите во Влада кои ги зголемија на 100 илјади денари? Кога е за платите во Влада, Мицкоски не остава на друг да се договори ама кога е за платите на работниците има поинаков аршин.

Сите Влади на СДСМ досега биле на страната на работниците и ги покачувале платите секоја година. Така минималната плата во 2016 година беше едвај 9.000 денари а денеска благодарение на СДСМ е 22.000 денари. СДСМ и како опозиција бара покачување на минимална плата на работниците на 27.700 денари и веќе наредната година да биде 30.000 денари, затоа што работниците тоа го заслужуваат.

Затоа токму СДСМ поднесе предлог Закон за изменување на минимална плата, со цел да се подобри животниот стандард на граѓаните. Значи Владата на Мицкоски, бидејќи не сака ништо да направи, нека побара од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за Законот. Само едно стискање на копче на пратениците и ете поголема минимална плата за работниците. Но проблем е што Мицкоски не сака и не се грижи за работниците, туку ги третира како евтина работна сила.

Со ваков арогантен однос на Мицкоски неговата Влада работниците ќе осиромашуваат и понатаму, реагираат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузмановска: ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги стави под контрола средношколците

(ВИДЕО) Бочварски до Кочовска: Не прифаќате да се зголеми минималната плата – работниците ви се на последно место

Горан Наумовски

СДСМ: МВР имала поставено контрола кај Блаце, но откако избегал Груби им кажале кого треба да стопираат

Катерина Ѓуровски

Бизнисот сам си ја полни „новогодишната кошница“: Граѓаните ќе останат без акциските намалувања до 40% поради мерката на Владата

Предраг Петровиќ

СДСМ: Кошничката е измама, инфлација од 4,3% во ноември покажувата дека цените веќе се покачени

Коњановски: Епскиот криминал кој се случувал во електроенергетскиот систем бил помогнат од раководството на СДС

Горан Наумовски