Одобрена е мобилизација на жените од Украина во војната со Русија

Од:

Украинскиот парламент Врховна Рада ги направи првите чекори кон мобилизација на жените во војната со Русија, изјави украинскиот пратеник Дмитро Разумков.

Разумков рече дека законот бр. 12076, усвоен на 3 декември, содржи одредба која им овозможува на жените кои ги исполнуваат здравствените и возрасните критериуми да се пријават за воена служба како резервисти и да поминат основна воена обука, објави украинскиот портал Страна њуз. Разумков повика на отстранување на оваа одредба пред второто читање на законот.

Доколку се усвои, оваа промена би можела значително да влијае на ситуацијата во украинската војска и да овозможи регрутирање жени за учество во војната. Според предложените измени на Законот за воена регрутација и воена служба, жените кои сакаат да служат во украинската армија можат да бидат регрутирани и запишани во резервниот регистар.

Сепак, дел од предлогот наиде на критики, вклучително и од Главната научно-стручна управа на Канцеларијата на Врховната Рада, која посочи дека „не е соодветно да се регистрираат жени како резервисти непосредно пред почетокот на основната воена обука“.

Според сегашниот украински закон, во војска се регрутираат мажи постари од 25 години. Законот дозволува жените да волонтираат, но не и задолжително да се мобилизираат.

Украинската пратеничка Маријана Безухлај силно ги поддржува измените.

„Во нашиот Устав нема два типа граѓани. Во моментов постои незаконска дискриминација на мажите. Освен тоа, ако се мобилизираат жени, ќе се мобилизираат помалку мажи – тоа е една од причините зошто вие, мажи, ја поддржувате мобилизацијата на вашите сограѓани“, рече таа.

Безухлаја предложи жените првично да се мобилизираат за задни позиции, како што се административни службеници, кадровски службеници и улоги во безбедносните единици, за да може мажите да се пренасочат на борбени позиции на првите линии.

Војната не треба да биде одговорност само на избраните, напиша Безухлаја.

Би можело да ве интересира

Најмалку осум лица се ранети во руски напад во украинскиот град Никопољ

Путин: Нема време да се потпише нов договор за транзит на гас со Украина

Путин: Ќе нападнеме повторно, но не брзаме

Горан Наумовски

Русите уништија украинскиот Ф-16 во Запорожје

Лавров ги соопшти таргетираните мети во Украина

Лавров: Русија не е задоволна со примирје со Украина, потребни се обврзувачки договори

Горан Наумовски