Руската армија во текот на ноќта уништи 33 украински беспилотни летала и бродови без екипаж

Од:

Во текот на ноќта руската армија уништи 33 украински беспилотни летала над регионите Воронеж, Курск и Белгород и два беспилотни чамци на Вооружените сили на Украина во Црното Море, соопшти руското Министерство за одбрана.

Беше прецизирано дека 14 беспилотни летала се уништени над територијата на регионот Воронеж, единаесет се соборени над територијата на областа Курск, седум беспилотни летала се соборени над територијата на Белгород и еден над Крим, пренесува Интерфакс.

Поморската авијација на Црноморската флота уништи два украински брода без екипаж на пат кон полуостровот Крим во Црното Море.

Би можело да ве интересира

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски