ОЈО: Скопјанец „окупирал“ државно земјиште и го претворил во паркинг

Од:

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно физичко и едно правно лице за кривично дело – Узурпација на недвижност.

„Обвинетиот 47-годишник, сопственик и управител на обвинетото правно лице, зазел во владение туѓа недвижност – земјиште позади Здравствен дом Скопје – Поликлиника Бит пазар. Земјиштето во државна сопственост, а доделено со право на користење на здравствениот дом и предвидено како имот во општа употреба во Деталниот урбанистички план на Општина Чаир, обвинетиот го користел како импровизиран паркинг простор. Во име и за сметка на правното лице поставил рампа и пункт за наплата и ангажирал едно лице да врши наплата по цена од 50 денари за 90 минути користење, со што го ограничил и го контролирал влезот и излезот на земјиштето.

Заедно со обвинението, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе и посебен предлог за изрекување мерка на претпазливост – забрана за преземање определени работни активности, односно забрана да го користи предметното земјиште.

Би можело да ве интересира

На паркинг во Скопје тешко повреден пешак

Летале куршуми кај Бит Пазар, оштетени прозорци од куќи и возила

А1он

43-годишен велешанец најден мртов на паркинг во Скопје

Си оградил државно земјиште на Бит Пазар и си наплаќал паркинг – доби кривична

Ранет маж во близина на поликлиниката Бит Пазар

Пукање на Бит Пазар, уапсен е пиштолџијата