Муцунски: Прерано е да се дискутира за прием на Украина во НАТО

Од:

Нашата држава има позитивен пристап кон политиката на отворени врати на НАТО за прием на нови членки, но засега е рано да се дискутира за членство на Украина во Алијансата, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во врска со иницијативата на Киев за зачленување на Украина во НАТО по забрзана постапка.

– Ние како држава генерално имаме позитивен пристап кон принципот на отворени врати, но тоа е одлука што се носи со консензус и за која треба да има подетална дискусија помеѓу земјите членки. Прерано е да се дискутира за такво нешто, нагласи Муцунски, кој престојува во Брисел, каде денеска и утре учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО.

Украина е главна тема на заседанието на Советот НАТО-Украина во форма на работна вечера во рамки на министерскиот состанок, на кој учествуваат и шефот на украинската дипломатија Андриј Сибиха и новата висока претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас.

Како што најави Муцунски, министрите на членките на НАТО со Сибиха и Калас ќе разговараат за најновите случувања поврзани со руската агресија врз Украина, чекорите што ги презема Алијансата за помош на земјата, како и за позициите на сојузниците поврзани со имплементацијата на заклучоците од јулскиот Самит на Пактот во Вашингтон.

Министерскиот состанок започна со заседание на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на дипломатии посветено на тековниот конфликт на Блискиот Исток и неговото влијание врз евроатлантската безбедност, на кое учествуваше и јорданскиот крал Абдула Втори.

Според Муцунски, на средбата се разговарало за сериозните предизвици од политичка и безбедносна гледна точка поврзани со случувањата на Блискиот Исток, кои влијаат на глобалната стабилност и глобалниот мир.

– Во таа насока беа споделени согледувања и имаше дискусија за тоа како НАТО треба да се позиционира за овие клучни прашања во периодот што доаѓа, рече Муцунски.

Во врска со предлозите за зголемување на одвојувањата за потребите на одбраната од страна на земјите членки и над нивото од најмалку два отсто од националните БДП, Муцунски вели дека тоа е прагот што во моментов го има поставено Алијансата и кој е испочитуван од страна на нашата земја.

– Свесни сме дека постои влошена и волатилна состојба од безбедносна гледна точка на глобално ниво. Ќе работиме со сојузниците да се адаптираме кон реалноста што ја имаме, додаде Муцунски.

Би можело да ве интересира

Лидерите на НАТО ќе се соберат во Анкара зa да ги намалат тензиите со Трамп

А1он

Муцунски го повикал бугарскиот амабасадор: се бара истрага и објаснување за објавената нота за семејството на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: На Трамп не му требала европска помош за Иран, ги побарал партнерите од радозналост

Катерина Ѓуровски

НАТО: Украинската воздушна одбрана собори само 17 проценти од руските ракети во мај

Исмаил до Муцунски: МНР нема план како да ги заштити Македонците кои се опресирани во соседните земји

Финска ќе распоредува нуклеарно оружје кон Русија, закана од Москва дека ќе мора да реагира

Предраг Петровиќ