Гаши: Имаме колективна одговорност да се заложиме за зајакнување и интеграција на лицата со попреченост

Од:

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска упати порака по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

-На Меѓународниот ден на лицата со попреченост, оддаваме почит на силата, храброста и истрајноста на поединците кои се соочуваат со специфични предизвици. Тие се чувствителен, но витален дел од нашето општество, и без разлика на пречките, нивниот потенцијал за придонес во сите сфери на животот е неограничен, вели Гаши во пораката.

Овој ден, додава тој, не повикува да размислиме за важноста на еднаквите можности, инклузивноста и почитувањето на достоинството и различноста на секој поединец.

-Како општество, имаме колективна одговорност да ги обезбедиме овие можности и да се заложиме за зајакнување и интеграција на лицата со попреченост. Собранието на РСМ останува посветено да придонесува во овaa насока на секој можен начин. Среќен Меѓународен ден на лицата со попреченост, порачува претседателот на Собранието на РСМ.

Би можело да ве интересира

Гаши денеска се очекува да ги распише локалните избори

А1он

Апасиев го тужи Гаши за Надзорната расправа за трагедијата во Кочани

Гаши е пуштен од болница, најави дека се враќа на обврските

Катерина Ѓуровски

Гаши e хоспитализиран на дигестивна хирургија, има преплет на цревата

Гаши: Локалните избори ќе се распишат во првата половина од август

Гаши: Не е добро Собранието да врши интерпелација на претседател на Уставен суд